ПС801З/18: Психологија на трудот

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
ПсихологијаVIII3+26

Наставник: д–р Билјана Блажевска-Стоилковска

Цели на предметната програма:

Студентите да стекнат сознанија за описот и процената на работите, анализа на карактеристиките на работниците, за начините на регрутирање и селекција на нововработени, планирањето на обуки на вработените, ставовите кон работата, методите на мерење на работната перформанса и психолошките аспекти на безбедноста и здравјето на вработените; студентите да се оспособат за практична примена на психолошките сознанија во областа на трудот, односно во управувањето со човечките ресурси во работните организации.

Содржина на предметната програма:

Анализа на работата, Процена на работата, Професионална селекција, Селективни постапки, Мотивација за работа, Задоволство од работа, Планирање на работните места, Обучување, Процена на перформансата, Безбедност и здравје на работното место.

Литература:

1. Николоски, Т., Психологија на трудот (одбрани поглавја), Скопје: Филозофски факултет 2005

2. Блажевска Стоилковска, Б., Избор на текстови

3. Мартин, Џ., Клучни концепти во управувањето со човечки ресурси, Скопје: Арс Студио 2016