ПЕ205И/18: Педагогија на слободно време

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
ПедагогијаII3+26

Наставник: д–р Анета Баракоска

Цели на предметната програма:

Да се добијат научни сознанија за педагогијата на слободното време како научна дисциплина и можностите за педагошко делување во слободното време на децата и младите, да се стекнат знаења за организацијата, принципите, постапките и формите на користење на слободното време, да се развијат способности и вештини за практична примена на знаењата за организација и реализација на слободните активности на учениците.

Содржина на предметната програма:

Општествено-историски аспекти на слободното време; Поим за слободно време; Педагогијата на слободното време во системот на педагошката наука и нејзиниот однос со дрги науки и дисциплини; Основни претпоставки за конституирањето на педагогијата на слободното време; Теориските основи на педагогијата на слободното време; Развој на теоријата на слободното време во педагошката наука; Фактори на организирање на слободното време; Задачи на педагогијата на слободното време; Принципи на користење на слободното време; Активностите на слободното време; Развој и реализација на современата концепција на слободното време.

Литература:

1. Баракоска, Анета, Педагогија на слободно време, Филозофски факултет, Скопје, 2016

2. Баракоска, Анета, Педагогија на слободно време, Доминант, Скопје, 2004

3. Гордана Будимир-Нинковић, Педагогија слободног времена (хрестоматија), Педагошки факултет, Јагодина, 2008

4. Plenković, Juraj, Slobodno vrijeme mladeži, Rijeka, 2000

5. Koković, Dragan, Način zivota i slobodno vreme, Fakultet za sport i turizam, Novi Sad, 2008