ПЕ810И/18: Пазар на труд
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Педагогија | VIII | 2+1 | 4 |
Наставник: д–р Зоран Велковски
Цели на предметната програма:
Студентите ќе се запознаат со пазарот на трудот на национално и интернационално ниво; образовните карактеристики на пазарот на трудот и неговото значење. Студентите ќе стекнат компетенции за следење на промените на пазарот на трудот и побарувачката на работна сила. Студентите ќе бидат оспособени за разгледување и критичка опсервација на образовните потреби на пазарот на трудот.
Содржина на предметната програма:
Потребата за развој на човечките ресурси; Квалификациите и законските документи; Анализа на Пазарот на труд и компетенциите; Односот на образованието/обуката и пазарот на труд; Доживотното учење, специјализацијата и ре-квалификацијата;Права и обврски на едукаторите и обучувачите; Партиципанти на пазарот на трудот; Поединецот и пазарот на трудот; Условите за успех на пазарот на трудот; Вработувачи и вработени; Структура на вработени и невработени; Бизнис асоцијации; Улогата на државата на пазарот на трудот; Економската и социјалната улога на пазарот на трудот; Понуда и побарувачка на работна сила.
Литература:
1. Велковски, З., Lacrimae mundi, ПЗМ, Скопје, 2005
2. Спасовски, Л., Пазарот на трудот и средното стручно образование во Република Македонија, Биро за развој на образованието, Скопје, 2007
3. Извештај за Пазарот на Трудот во Република Македонија, ЕТФ, 2005
4. Kulić, R., Sadržaj rada i obrazovanje, Institut za pedagogiju i andragogiju, Filozofski fakultet u Beogradu, 1997
2. Гоцевски, Т., Образовен менаџмент, Македонска ризница, 2003