ПЕ808И/18: Училишна докимологија

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
ПедагогијаVIII2+14

Наставник: д–р Вера Стојановска

Цели на предметната програма:

Студентите да се запознаат со научните сознанија од областа на училишната докимологија и да се оспособат за научна и практична имплементација на стекнатите знаења.

Содржина на предметната програма:

Поимовно толкување на докимологијата. Основни докимолошки поими. Следење, проверување и оценување во наставниот процес. Функции на проверувањето и оценувањето. Принципи на следење, проверување и оценување. Методи, форми и средства на следење, проверување и оценување. Начини на изведување на проверувањето (усно, писмено, набљудување). Видови проверување и оценување. Самоевалуацијата на учениците. Субјективни фактори при оценувањето. Ученичко портфолио. Критериуми и стандарди за евалуација. Примена на компјутерот во системот на следење, проверување и оценување.

Литература:

1. Поповски, К., Училишна докимологија – следење, проверување и оценување на постигањата на учениците, Китано, Скопје 2005

2. Оценување во наставата, УСАИД и ФИООМ, Скопје, 2008

3. Gojkov, G., Dokimologija, Vršac, Triton, 2003

4. Grgin T., Školsko ocjenjivanje znanja, Naklada Slap, Jastrebarsko, 2001

5. Попоски, К., Стојановски, З., Тестови на знаење, Просветно дело, Скопје, 1995

6. Наставни планови и програми за деветгодишно основно образование, Скопје, МОН www.bro.gov.mk

7. Поповски, К., Речник на термините од областа на оценувањето на постигањата на учениците, Македонска книга, Скопје, 2002