ПЕ807И/18: ИКТ ВО НАСТАВАТА
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Педагогија | VIII | 2+1 | 4 |
Наставник: д–р Вера Стојановска
Цели на предметната програма:
Студентите да се запознаат со научните сознанијата од областа на примената на ИКТ во наставата и да се оспособат за практична имплементација на стекнатите знаења.
Содржина на предметната програма:
Поим за ИКТ. Интеграција на ИКТ во наставниот процес. Дидактичката вредност на примената на ИКТ во наставата. Компјутерот како медиум во наставата. Примена на компјутерски апликативни програми и едукативни софтвери во наставата. Компјутерски образовен софтвер. Видови компјутерски едукативни софтвери. Интернет во наставата. Модели на настава со примена на ИКТ. Интернет базирано образование на далечина.
Литература:
1. Стојановска, В., Наставни медиуми, Филозофски факултет, Скопје, 2012
2. Вилотијевиќ, М., Дидактика 3, Завод за уџбенике и nаставна средства, Учитељски факултет, Београд, 2000, стр.405-423; 495-521
3. Употребата на компјутери и интернет во образовниот систем на РМ, Фондација Метаморфозис, Скопје, 2010
4. Национална стратегија за развој на информатичко општество и акционен план на Република Македонија, Влада на Република Македонија, Скопје 2005
5. Состојбата со е-учењето во Македонија, Фондација Метаморфозис, Скопје, 2011
6. Mandić, P. D., Informaciona tehnologija u obrazovanju, Filozofski fakultet, Sarajevo, 2001, str. 289-302
7. Национална стратегија – Стратегија за развој на е-содржини 2010–2015, Министерство за информатичко општество, Скопје, 2010