ПЕ802З/18: Методика на работа на педагогот

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
ПедагогијаVIII3+26

Наставник: д–р Вера Стојановска

Цели на предметната програма:

Студентите да се запознаат со функцијата, подрачјата и содржините на работа, активностите, методите и формите на работа на педагогот како стручен соработник во детските градинки, основните и средните училишта и да се оспособат за успешно обавување на професијата педагог.

Содржина на предметната програма:

Педагог како стручен соработник во воспитно – образовните институции. Компетенциите на педагогот. Подрачја и содржини на работа на педагогот. Активности на педагогот во врска со планирањето, програмирањето, следењето на воспитно – образовната работа во детската градинка/училиштето и вреднувањето на остварените резултати. Советодавно – воспитно образовни активности на педагогот со децата/учениците, следење на нивниот развој и напредување. Кооперативна активност на училишниот педагог со наставно – воспитниот кадар. Професионален и кариерен развој на педагогот. Содржини и видови на соработка на педагогот со родителите. Методи, техники и инструменти во работата на педагог. Аналитичко – истражувачка работа на педагог. Водење на педагошка евиденција и документација.

Литература:

1. Стојановска, В., Соработката меѓу педагогот и наставниците во основното училиште, Соларис принт, Скопје 2016

2. Основни професионални компетенции и стандарди за стручни соработници, Македонски центар за граѓанско образование, Скопје 2016

3. Juric, V., Metodika rada školskog pedagoga, Školska knjiga, Zagreb 2002

4. Стојановска, В., Дидактички аспекти на соработката меѓу училишниот педагог и наставниците, Форум, Скопје 2004

5. Трнавац, Н., Педагог у школи, Учитељски факултет, Београд 1993

6. Mandić, P., Savjetodavni vaspitni rad, Svjetlost, Sarajevo 1986

7. Диздаревиќ, И., Професионална ориентација на младите, Педагошки завод на Македонија, Скопје 1996

8. Прирачник за следење на работата и планирање на професионалниот развој на наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта, Македонски центар за граѓанско образование (МЦГО), Скопје 2016