ПЕ705И/18: Развој на курикулум

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
ПедагогијаVII2+14

Наставник: д–р Вера Стојановска

Цели на предметната програма:

Студентите да се запознаат со терминологијата и сфаќањата на поимот курикулум, темелно да ги осознаат теоретските аспекти на курикулумот, да се оспособат за анализа и развој на курикулумот, да стекнат вештини за евалуација на курикулумот во училиштата и оспособеноста на наставниците за негова практична примена.

Содржина на предметната програма:

Основни поими, терминологија и суштина на курикулумот. Дефиниции за курикулумот. Развој на теоријата на курикулумот, цел на курикулумот. Видови на курикулум. Модели на изработка на курикулум. Теории на курикулум, Етапи на развој на курикулумот, Целна насоченост на курикулумот, Модуларен курикулум.

Литература:

1. Стојановска, В., Училишна педагогија (интерна скрипта), Филозофски факултет,

Скопје, 2017

2. Петковски, Н. К., Алексова, А. Мирјана, Водење на динамично училиште, Биро за развој на образованието, Скопје, 2004

3. Индикатори за квалитет на работата на училиштатa, Министерство за образование и наука, Државен просветен инспекторат, Скопје, 2009

4. Cindrić M., Miljković D., Strugar V., Didaktika i kurikulum, IEP – D2, Zagreb, 2010

5. Попоски, К. Програмирање на воспитнообразовниот процес, Педагошки завод на Македонија, Скопје, 2000

6. Петковски, К., Трајковска, И., Прирачник за развојно планирање на училиштето, Херакли-Комерц, Битола, 2004