ПЕ702З/18: Предучилишен курикулум
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Педагогија | VII | 3+2 | 6 |
Наставник: д–р Лена Дамовска
Цели на предметната програма:
Стекнување знаења и вештини кои се однесуваат на процесот на планирање, изработка и имплементација на курикулум за воспитно-образовна работа во детска градинка.
Содржина на предметната програма:
Предучилишниот курикулум како теорија на воспитание и образование, Социјалниот конструктивизам и курикулумот за рано образование, Планирање и изработка на курикулум, Содржина и структура на курикулумот, Имплементација на курикулумот, Скриен курикулум, Евалуација на курикулумот, Курикулуми за рано образование во светот, Воспитувачот и предучилишниот курикулум.
Литература:
1. Kurikulum, Školjska knjiga, Zagreb, 2009
2. Neaum, S., Tallak, J., Good practice in implementing the pre-school curriculum, London: Stanley Thornes Publishers, 1997
3. SEE ECN website, www.see-educop.net
4. Програма за рано учење и развој, Службен весник, 2014
5. Дамовска, Л. и др., Стандарди за рано учење и развој кај деца од 0 до 6 години, МТСП – УНИЦЕФ, 2009