ПЕ607И/18: Интерактивни пристапи во наставата
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Педагогија | VI | 2+1 | 4 |
Наставник: д–р Елизабета Томевска Илиевска
Цели на предметната програма:
Студентите – идните наставници и педагози да стекнат знаења, да развијат вештини и способности за примена на современи интерактивни пристапи во наставата и учењето со различни возрасни групи; да се оспособат за планирање, дизајнирање, реализирање и вреднување на интерактивни наставни модели.
Содржина на предметната програма:
Интеракцијата како современа образовна стратегија; терминолошки определби и толкувања на основните поими; интеракцијата како дидактичка категорија; реализација на интерактивната настава, вреднување на интеракцијата; интеракцијата како современа образовна стратегија; современи пристапи во иницијалното образование на наставниците; партнерски односи во наставата; нивоа на користење на партнерски односи во интерактивната настава; стратегии за интерактивно учење во основното образование; концептот на „соодветна развојност“ како основа на интеракцијата; програмска поддршка на интерактивниот концепт; интеракцијата во воспитно-образовните потсистеми; детерминанти на интеракцијата во високото образование; компетенции за развој на интеракцијата во наставата; интерактивни вештини на наставникот во високото образование; активности за поддршка на интеракцијата; имплементација на интеракцијата; дидактичко дизајнирање на интерактивните модели; интерактивни модели за развивање на дидактички компетенции во наставата; предлогподдржувачки активности на интерактивниот концепт; методологија на истражувањето: интерактивни модели за развивање на дидактичките компетенции на наставниците.
Литература:
1. Томевска Илиевска, Е., Интерактивни пристапи во наставата (учебник), Скопје: Филозофски факултет, 2015
2. Томевска Илиевска, Е., Интерактивни модели за развивање на педагошките компетенции (учебно помагало), Скопје: Филозофски факултет, 2017
3. Муџи, Д., Рејнолдс, Д., Ефективна настава. Докази и практика, трето издание; 2 глава: Директно подучување, 3 глава: Интерактивна настава, втор дел: Создавање основа за учење, 2017
4. Cross-national study of teaching and learning (Data collection workshop), American Institutе for Research, Washington, DC: Pelavin research Center, 2001
5. Павловиќ Бренеселовиќ, Д., Павловски, Т., Партнерски однос у васпитању (приручник), Београд: Филозофски факултет, Центар за интерактивну педагогију, 2000
6. Павловиќ Бренеселовиќ, Д., Павловски, Т., Тимски рад у васпитној пракси (приручник), Београд: Филозофски факултет, Центар за интерактивну педагогију, 2000