ПЕ602З/18: Методика на воспитна работа
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Педагогија | VI | 3+2 | 6 |
Наставник: д–р Анета Баракоска
Цели на предметната програма:
Да се добијат научни сознанија за целите на методиката на воспитна работа кои произлегуваат од нејзините основни функции: формативана, насочувачка, корективна, комуникативна, интерактивна, и перцептивна; да се проучат оптималните услови кои се во функција на целосниот развој на личноста; да се продлабочат сознанијата за спецификите на воспитниот процес условени од дадена воспитна ситуација, возраста и искуството на воспитаниците; да се оспособат студентите за практична реализација на воспитните методи, средства, техники и технологии во непосредната воспитна практика.
Содржина на предметната програма:
Научниот статус на методиката на воспитнта работа; Определување на поимот воспитна работа; Определувае на целите и задачите на методиката на воспитна работа; Односот на методиката на воспитната работа со другите педагошки дисциплини и други сродни науки; Воспитни фактори; актуелни видови на воспитна работа (правно воспитание и воспитание за демократија, еколошко воспитание, воспитание за хумани односи меѓу половите; воспитание на дисциплина и дисциплинираност); Воспитната работа во наставната, воннаставната и вонучилишната дејност; Педагошка комуникација како основа за формирање на правилни меѓучовечки односи воспитувач-воспитаник; Планирање и програмирање на воспитната работа; Вреднување на воспитната работа; Принципи на воспоитната работа; Методи на воспитната работа; Средства на воспитната работа; Општото и посебното во воспитната работа со различни возрасни групи и воспитаници.
Литература:
1. Костова, Марија, Методика на воспитна работа, Киро Дандаро, Битола, 2004
2. Bognar Ladislav, Metodika odgoja, Pedagoški fakultet, Osijek, 2001
3. Brederkamp, S., Kako djecu odgajati, Educa, Zagreb, 1997
4. Bratanic, M., Mikropedagogija, Školska knjiga, Zagreb, 1990
5. Nebrigić, Danilo, Metodika vaspitnog rada, Zavod za izdavanje udžbenika, Novi Sad, 1983
6. Bratanic, M., Paradoks odgoja, Hrvatska sveučilišna naklada, Zagreb, 2002
7. Rangelova, Milanova, E., Metodika na vspitatelnata deinost v učilište, Delfi, Sofija, 2002
8. Milenković, N., Kako da najlakše upropastite rođeno dete, Kreativni centar, Beograd, 1998