ПЕ401З/18 Дидактика 2
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Педагогија | IV | 3+2 | 6 |
Наставник: д–р Вера Стојановска
Цели на предметната програма:
Стекнување на темелни знаења и оспособување на студентите за планирање, организирање и евалуирање на наставата, примена на современи методски приоди, иновирање на наставата и стекнување на вештини и начини за самостојно откривање, презентирање и вреднување на нови дидактички стратегии.
Содржина на предметната програма:
Содржина на образованието, наставен план. Наставна програма. Предметно–одделенски часовен систем. Поим за наставен час. Евалуација на дидактичката ефикасност на часот. Распоред на наставните часови. Етапи на наставниот процес. Облици на наставна работа. Наставни методи: поим, класификација, видови. Метод на усно излагање. Метод на разговор. Метод на илустративни работи. Методи на демонстрација. Метод на практични и лабораториски работи. Метод на пишување. Метод на читање и работа на текст. Иновации во наставата. Работа во комбинирани одделенија. Домашни работи. Наставни екскурзии. Планирање и подготовка на наставниот процес. Вреднување на наставната работа. Наставни медиуми. Наставни објекти.
Литература:
1. Стојановска, В., Дидактика 2 (интерна скрипта), Филозофски факултет, Скопје, 2007
2. Стојановска, В., Наставни медиуми, Филозофски факултет, Скопје, 2012
3. Вилотијевиќ, М., Дидактика 3, Учитељски факултет, Београд, 2000
4. Mattes W., Nastavne metode, Naklada Ljevak, 2007
5. Кларин, М. В., Педагошка технологија во наставниот процес, Педагошки завод на Македонија, Скопје, 1995
6. Попоски, К., Програмирање на воспитнообразовниот процес, Педагошки завод на Македонија, Скопје, 2000
7. Лакинска, Б., Самостојната работа на ученикот во наставата, Даскал Камче, Кавадарци, 1996
8. Попоски, К., Училишна докимологија – следење, проверување и оценување на постигањата на учениците, Китано, Скопје, 2005
9. Петровски, Б., Структура на учебникот, Просветно дело, Скопје, 1994