ПКБ101З/18: Вовед во безбедноста

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Приватна и корпоративна безбедностI3+27,5

Наставник: д-р Тања Милошевска

Цели на предметната програма:

Предметот ги воведува студентите во клучните концепти и пристапи во проучувањето на безбедноста. Ги опфаќа историјата, еволуцијата, развојот и иднината на безбедноста. Во текот на курсот, студентите ќе се запознаат со голем број на теоретски пристапи и дебати поврзани со светската политика, почнувајќи од антиката до современото опкружување. Предметот на студентите ќе им отвори можност да ги протолкуваат клучните содржини од историјата на безбедноста и да ги сфатат основните безбедносни концепти. На студентите им дава детален преглед на водечките теоретски пристапи, клучните теми и најважните прашања во рамките на проучување на безбедноста. Објаснети се водечките теоретски пристапи што тековно се користат во ова поле на истражување и се објаснети централните концепти врз кои се темелат современите дебати од дилемата за безбедност до тероризмот. Даден е преглед на безбедносната архитектура која има големо влијание врз светските политики, базирајќи се врз меѓународни, религиозни и глобални нивоа на анализа. Се испитуваат некои од клучните современи предизвици за безбедноста. Развивање на разбирање на главните концепти и терминологија на безбедноста, да ја знаат историјата, еволуцијата, и тековните аспекти на безбедносните студии. Да се оспособат студентите за аналитичко и критичко размислување за да може самостојно да ги анализираат современите безбедносни предизвици. Да бидат во можност да ги идентификуваат тековните трендови во безбедносните студии и да можат да реализираат истражување на теми од безбедноста.

Содржина на предметната програма:

Вовед во безбедноста, Поим и содржината на безбедноста. Дефинирање на полето на истражување; Теории за безбедност. Видови на безбедност; Односот помеѓу традиционалните и глобалните безбедносни студии. Теоретски пристапи; Ограничување и проширување на значењето за безбедноста; Од безбедност кон (не)безбедност; Клучни концепти-дилемата за безбедност во 21 век; Нова агенда на студиите за безбедност. Филозофии на војна, менување на природата на војувањето, трендови во тероризмот. Современи предизвици (меѓународна трговија со оружје (можности за ограничување). Безбедносен парадокс..

Литература:

1. Пол Д. Вилијамс (ур.), Студии по безбедност: Вовед (Security studies: an introduction), Арс Ламина (Routledge), 2012

2. Митко Котовчевски, Полемологија, Филозофски факултет, 2011

3. Роберт Ј. Фишер, Едвард Хелибозек и Гион Грин, Вовед во безбедноста (Introduction to Security) (прв дел), Арс Ламина (Elsevier Inc.),   2013

5. Лидија Георгиева, Менаџирање на ризици, Филозофски факултет, 2009