Р804И/18: Сексуални ориентации и политики

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Родови студииVII2+16

Наставник: д–р Боби Бадаревски

Цели на предметната програма:

а) Запознавање со концептот на сексуалност и со концептот на сексуална ориентација

б) Запознавање со современите теории за сексуалната ориентација;

в) Анализа на принципите врз кои се засновуваат современите применети политики кои регулираат општествени прашања тесно поврзани со сексуалноста и сексуалната ориентација.

Содржина на предметната програма:

I. Сексуалност. 1) Сексуалност: поим, аспекти и фактори. 2) Аспекти на сексуалноста: полот, родовите идентитети и улоги, сексуалната ориентација, еротичноста, задоволството, репродукцијата… 3) Димензии на сексуалноста: мисли, фантазии, желби, верувања, ставови, вредности, поведенија, практики, улоги, врски… 4) Фактори и/или дискурси за сексуалноста: биолошки, медицински, психолошки, социјални, економски, политички, културни, етички, правни, филозофски, родови, историски, религиозни, спиритуални итн. 5) Сексуалноста како осцилирачки поим во рамките на некои бинарни дистинкции: а) дистинкцијата пол/род; б) дистинкцијата идентитет/акција; в) дистинкцијата јавно/приватно.

II. Сексуални ориентации. 1) Концепти на „сексуална ориентација“. 2) Сексуалната ориентација како принцип на класификација врз основа на полот/родот. 3) Аспекти на сексуална ориентација: емотивна привлечност; сетилна привлечност; сексуална активност; врски; сексуален идентитет… 4) Сексуалната ориентација како „биолошка даденост“ или како „социјална конструкција“? 5) Видови на сексуални ориентации: хетеросексуалност, хомосексуалност, бисексуалност.

III. Сексуални политики. А) Сексуална слобода и еднаквост. 1) Борбата против дискриминацијата врз основа на сексуална ориентација како општествен проблем; „Сексуални малцинства“? 2) Заштитата на правото на сексуална приватност во рамките на „Европската конвенција за човекови права“. 3) Политики засновани на идентитет – принципите на борбата за сексуална еднаквост на ЛГБТ-движењето; 4) Пост-идентитетски политики: Queer теоријата и движењето; 5) Сексуалноста и сексуалните ризици во ерата на борба против ХИВ/СИДА. В) Регулирањето на сексуалноста во ЕУ и во Република Македонија. 1) Кривични и прекршочни одредби релевантни за сексуалните права и слободи; 2) Порнографијата, сексуалната индустрија и сексуалната работа; 3) Сексуалното насилство како општествен проблем: трговијата со луѓе заради сексуална експлоатација, експлоатацијата на „проституцијата“, сексуалното вознемирување, и повредата на сексуалните и репродуктивните права; 4) Правни механизми и програми за заштита на сексуалните права како човекови права; 5) Сексуалната етика и предизвиците што ги отвораат новите технологии за репродуктивен развој; 6) Сексуалноста во медиумите и во кибер-просторот; 7) Образовни програми за сексуалност и/или сексуално здравје.

Литература:

1. Левинсон, Рихард, Историја на сексуалноста, Ѓурѓа, 2010

2. Ќостарова Унковска, Лина, Колку се еднакви и безбедни младите во Македонија во нивниот сексуален развој и сексуални искуства, Коалиција Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници, 2016

3. Маја Бојаџиевска, Антропологија на сексуалноста, Сигмапрес, 2011