Р802З/18: Нефрофеминизам

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Родови студииVII2+26

Наставник: д–р Боби Бадаревски

Цели на предметната програма:

Целта на програмата e студентите да се стекнат со знаење од областа на феминистичката критика на невронауката и родовите аспекти на биолошкото објаснување на родовото однесување.

Содржина на предметната програма:

Содржината на предметната програма е организирана околу неколку клучни прашања: Дали помеѓу машкиот и женскиот мозок постојат разлики? Ако постојат, дали тие се биолошки програмирани или отелотворени низ процесот на социјализација? Доколку постојат и се вродени, дали од таквите разлики – анатомски, неврохемиски и т.н. – произлегуваат интелектуалните и бихејвиоралните разлики помеѓу жените и мажите?

Литература:

1. Бадаревски, Боби, Филозофијата на умот и когнитивната наука како идеја во Македонија, Филозофски факултет, 2016

2. Арбен Таравари, Практикум по неврологија, Богданци, 2014

3. Fine, C., Delusions of Gender: How Our Minds, Society, and Neurosexism Create Difference, York, NY: W. W. Norton, 2010

4. Бадаревски, Боби, Психосемантика: проблемите на значењето на компјутациската теорија на умот, Институт за македонска литература, 2015