Р801З/18: Родот и сексуалноста

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Родови студииVII3+26

Наставник: д–р Владимир Давчев

Цели на предметната програма:

Да се стекнат сознанија за научните теории и дебати што се водат околу формирање на родовиот идентитет и улогата на општеството во конструкцијата на родовиот идентите. Проблемите со кои се соочува деконструкцијата на стереотипите за родовиот идентитет. Сексуалната ориентацијаи формите на пројавување во современата цивилизација.

Содржина на предметната програма:

Општествената конструкција на родот. Личниот и наративниот идентитет. Наративната конструкција на родовиот идентитет(ти). Јазикот, родот и сексуалноста. Индивидуата и индивидуализацијата. Телото и идентитетот. Првичниот поим за личноста. Себството и другите. Себството и моралните норми. Нарушувања на родовите идентите. Улогата на феминизмот во „субверзијата“ на идентитетот. Транссексуален или трансродов идентитет. Постмодерна сексуалност. Радикално другиот: дискурзивната култура на кибер-омразата.

Литература:

1. ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражувања, Општество, род сексуалност, сексуално здравје и МСМ во Македонија: истражување во заедницата, ХЕРА, 2013

2. Фуко, Мишел, Историја на сексуалноста 1 и 2, Три, 2003

3. Верн Л. Булох и Бони Булох, Сексуални ставови, Магор, 2006

4. Gauntlett, David, Media, gender and identity: an introduction, London – New York: Routledge, 2008

5. Johansson, Thomas, The transformation of sexuality: gender and identity in contemporary youth culture, Aldershot, England; Burlington, VT: Ashgate, 2007

6. Cash, Thomas F. & Smolak Linda (eds.), Body Image: A Handbook of Science, Practice, and Prevention, The Guilford Press, 2011