Р706И/18: Ликовна семиотика – родови перспективи

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Родови студииVII2+16

Наставник: д–р Анета Серафимова, д–р Никос Чаусидис

Цели на предметната програма:

Запознавање со основните аспекти на ликовната и визуелната семиотика, со посебен акцент на родовите перспективи. Следење на антрополошките и психолошките аспекти на визуелната перцепција, на создавањето на ликовното дело, на неговото егзистирање и трансформација низ време и простор, премин од една во друга култура, или од еден во друг идеолошки систем.

Содржина на предметната програма:

Реалност – слика – човек. Реалност – ментална слика – ликовно дело. Митска слика. Визуелен симбол и визуелен знак. Дефинирање на елементите на една слика во нивниот семиолошки контекст. Архетипски слики. Создавање, траење, пренесување и трансформации на сликата во време и простор. Ликовност – психологија. Функии на ликовното. – Слики на светот – слики на човекот (интеракција, симболичко доближување и идентификација). – Семиотика на човековото тело (вертикалност и симетричност; функци и симболизација). – Семиотика на женското тело. – Фигурата на жената како матрица за спознавање на космосот. – Жената како архетип на артефактите: жена-куќа, жена-град, жена-сад, жена-печка, жена-гроб. Архетипски аспекти во симболиката и иконографијата на женските ликови во христијанството: Богородица – Божја Мајка – Голема Мајка – Мајка на Боговите. Христос – Жртвуван Бог – Новороден бог – Медијатор. Средновековна ликовна семиотика: концепти и контекстуалност. Христолошки теми и Христови иконографски типови. Богородичини теми и Богородичини иконографски типови. Мариин циклус. Успенски циклус. Богородичини префигуративни сцени. Благословот како сигнум, мајчинството како симптом. Женски персонификации како визуелни симболи на категоријални појми: земја, вода, небески свод. Византиска визуелна симболика на женските атрибути. Женски парадигматични култови – св. Петка и св. Марена.

Литература:

1. П. Гиро, Семиологија, Просвета, 1983

2. Н. Чаусидис, Космолошки слики (симболизација и митологизација на космосот во ликовниот медиум), Мисла 2005

3. H. Maguire, The Icons of their Bodies. Saints and their Images in Byzantium, Princeton University Press, 1996

4. H. Maguire “The Cult of the Mother of God in Private”, in: Mother Of God. Representations of the Virgin in Byzantine Art, ed. Maria Vassilaki, Benaki Museum, Athens, 2003, pp. 279-289

5. A. Serafimova, “Blessing and Motherhood: Between the Signum and the Symptom. The Confrontation of the Divine and the Human in Byzantine Painting”, The Gesture in the Art, Colloquium organized by Fabbrica Europa Firenze & Muzeum Ljubljana, Firenze – Ljubljana, 2005