Р604И/18: Родова рамноправност во социјалната работа и политика
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Родови студии | VI | 2+2 | 6 |
Наставник: д–р Боби Бадаревски
Цели на предметната програма:
Студентите да се здобијат со продлабочени научни знаења од областа на родовите истражувања во доменот на социјалната работа и политика.
Содржина на предметната програма:
Феминизмот во агендата на втемелувачите на социјалната работа. Преглед на разните феминистички ориентации и нивниот придонес за унапредување на социјалната работа и политика. Запознавање со главните меѓународни и домашни правни документи кои ја гарантираат родовата рамноправност особено во контекст на социјалната работа и политика. Од аспект на родова перспектива се промислуваат следниве теми: вработувањето; социјалното осигурување; семејната политика; семејното насилство; самохрани родители и социјални бенифиции; сиромаштијата и социјалната вклученост; трговијата со жени и деца и репродуктивните права.
Литература:
1. Страмшак Билјана, Феминистички почетоци на социјалната работа, МЦМС, Скопје, 2008
2. Страмшак-Ѓуровска Биљана, Социјалната работа низ родова призма: ризици и услуги, ЈУ Завод за социјални дејности, 2012
3. Јовановиќ А., Јованова В., Малеска Н., Марковска С., Родово буџетска анализа, Скопје, МТСП, 2010