Р502З/18: Методологија на родовите истражувања
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Родови студии | V | 2+2 | 6 |
Наставник: д–р Владимир Давчев
Цели на предметната програма:
Во рамките на овој предмет, студентите треба да стекнат знаења за основите научно-истражувачката методологија, постапките и техниките кои се користат во родовите истражувања.
Содржина на предметната програма:
Феминистичка анализа. Универзалноста и модерното време. Научни, епистемолошки и политички прашања. Истражувачки методи на родовите релации. Квантитативни методи: обрасци и експерименти; изработка на прашалник и експериментална процедура. Квалитативни методи: стратегии на истражувањето; прибирање на податоци, запишување на податоците; анализа и интерпретација на податоците, основни елементи на статистичката обработка на податоците. Постапки за спроведување на истражувањето. Како се пишува научно-истражувачки извештај.
Литература:
1. Кениг, Николина, Квалитативни методи на истражување, Филозофски факултет, 2008
2. Nagy, Hesse & Biber, Sharlene, Feminist Research Practice: A Primer, SAGE, 2014
3. Jaggar, Alison M., Just Methods: An Interdisciplinary Feminist Reader, Routledge, 2015