Р402З/18: Родовата перспектива во креирање политики

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Родови студииIV3+26

Наставник: д–р Боби Бадаревски

Цели на предметната програма:

Целта на програмата e студентите да се стекнат со знаење од областа на вклучување на родовата перспектива во креирањето политики во јавната сфера.

Содржина на предметната програма:

Елементи на процесот на креирање на политики; вклучување на родовата перспектива во процесот на креирање на политики; алатки за проценка на влијание на родот; алатки за анализа на родовите потреби; интеграција на родовата перспектива во главните текови; концепти на интеграција на родот во креирањето политики – жените и развојот, родот и развојот.

Литература:

1. Владата на Република Македонија, Прирачник за креирање политики, Генералниот Секретаријат на Владата на Република Македонија, 2008

2. Близнаковски, Јован, Од нацрт до закон: креирање политики и граѓанско учество во Република Македонија, Институт за демократија Социетас Цивилис, 2016

3. Блажева, Ана, Креирање родово ефективни политики: Модел за зајакнување на дијалог и вклучување на граѓаните од заедницата во процесот на креирање родово свесни политики, Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје, 2014