Р305И/18: Родот и демографските прашања

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Родови студииIII2+26

Наставник: д–р Аница Драговиќ

Цели на предметната програма:

Да се добијат продлабочени знаења за родовата проблематика особено преку критичко промислување на дебатите за родовите прашања и за нивното директно и индиректно влијание врз демографската политика.

Содржина на предметната програма:

Дефинирање на основните поими и термини од областа на родовата проблематика, демографијата и демографската статистика. Улогата на полот во основните демографски настани: раѓањата, умирањата, склучувањето и разведувањето на браковите, родноста и факторите кои влијаат врз неа. Родовата улога во природното и механичкото движење на населението. Движење за планирање на семејството како индивидуално право на жените во светот и кај нас. Следењето на родовите разлики во структурите на населението: образованието, здравјето, вработувањето, легислативата, општествениот статус и нивното влијание врз демократското однесување од аспект на полот. Факторите кои влијаат врз толкувањата на местото на жената во семејството и општеството во традиционалните и модерните заедници, а кои имаат суштествено влијание врз демографското однесување на жените. Вклученоста на жената во програмите за население и општ и економски развој: најнови светски искуства.

Литература:

1. Dudley L. Poston, Michael Micklin, Demography and Gender, Springer, 2015, 109-141

2. Davaki, K., Demography and Family, Policies from a Gender Perspective, European parliament Directorate General for Internal Policies, 2016

3. Милиќ, А., Социологија, Чигоја, 2001

4. Kathryn M. Yount, Sarah Zureick-Brown, Nafisa Halim, Kayla LaVilla, Fertility Decline, Women’s Well-being, and Gender Gaps in Well-being in Poor Countries, International Center for Research on Women, 2012

5. Жените во 20 век (збирка на текстови), Просветно дело 2001

6. Јовановиќ, А., Родноста и планирањето на семејството во РМ, Метаморфоза, 1998