Р302З/18: Стратегии за родова рамноправност
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Родови студии | III | 3+2 | 6 |
Наставник: д–р Боби Бадаревски
Цели на предметната програма:
Целта на предметот е студентите да се здобијат со знаење за стратегиите за родовата еднаквост отелотворени во клучните текстови и документи на феминистичкото движење, меѓународните институции (ОНН, Европска унија) во легислативата на Р. Македонија.
Содржина на предметната програма:
Наставните содржини на овој предмет се поделени во пет тематски целини. Првата е посветена на заложбите за освојувања на женските права од почетоците на женското движење до Втората светска војна. Акцентот е ставен на стратегиите за освојување на правото на образование, правото на глас и на граѓанство. Втората тематска целина ги покрива активностите и стратегијата за родова еднаквост на ООН од донесувањето на Универзалната декларација за човековите права, до Конвенцијата за елиминација на сите облици на дискриминација. Третата тематска целина се однесува на Пекиншката конференција, односно на анализа на двата клучни документи: Пекиншката декларација и Платформата за акција кои ја означуваат новата меѓународна стратегија за родова рамноправност – вградување на родовата перспектива во сите текови на општественото живеење. Четвртата тематска целина ги покрива најважните документи на родова рамноправност на ЕУ, а петтата, ги осветлува состојбите во РМ преку анализа на постојната законска регулатива и активните политики што се преземаат за постигнување на родова еднаквост.
Литература:
1. Дејвис, Натали Земон и Фарж, Арлет, Историја на жените на западот – Парадоксите на Ренесансата и Просветителството, Скопје: Филозофски факултет, 2015
2. Страмшак-Ѓуровска, Биљана, Социјалната работа низ родова призма: ризици и услуги, ЈУ Завод за социјални дејности, 2012
3. Хаџијаха-Имери, Афердита, Политики за родова еднаквост: перцепција за ефикасност и транспарентност, Македонско женско лоби, 2012
4. Савовска Марија, Состојба со еднаквоста во одлучувањето и промоцијата на родовата еднаквост во Полошкиот регион, Здружение за унапредување на родовата еднаквост, Акција Здруженска, 2015