Р301З/18: Историја на родот и полот во средниот век

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Родови студииIII3+26

Наставник: д–р Владимир Давчев

Цели на предметната програма:

Да се стекнат научни и продлабочени сознанија за начинот на живот и за статусот на родовите улоги на мажот и жената во средниот век. Студентите треба да стекнат сознанија за значењето на историскиот момент во кој прашањето за родовата рамноправност не било ниту промислувано, а жената била разбрана единствено како сенка на мажот или декор на царскиот двор.

Содржина на предметната програма:

Молкот на средновековието. Нормите и контролите на средновековниот систем: Природата на жената – од божје потекло или дело на нечастивиот до добра сопруга. Свештеничкиот поглед. Регулирање на жeнската мода – правила за облекување. Семејството и општествената улога на жената: жената од V до Х век. Феудалниот поредок. Животот на жената во доцниот Среден век. Видливата и невидливата жена на средниот век. Замислената жена. Светот на жената во средновековието. Литературниот и мистичниот глас на жената. Писмени изјави под заклетва и исповеди.

Литература:

1. Клапиш-Зубер, Кристијана, Историја на жените на Западот – молкот на Средниот век, Филозофски факултет, 2013

2. Fitzgerald, Christina M., The Drama of Masculinity and Medieval English Guild Culture, Palgrave Macmillan, 2007