Р204И/18: Историја на секојдневниот живот

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Родови студииII2+26

Наставник: д–р Никола Жежов

Цели на предметната програма:

Студентите да се запознаат со промената на цивилизациите, од гледна точка на историјата на секојдневниот живот, гледиштата на обичните луѓе кон големите историски промени низ вековите, односите во семејството, начинот на исхрана и облекување, односите помеѓу половите, положбата на жената и детето во општеството и семејството и процесите на модернизација и нивното влијание врз историјата на секојдневниот живот.

Содржина на предметната програма:

Животот на човекот во праисторијата; влијанието на верувањата и религиите врз секојдневниот живот на луѓето; живеалиштата и предметите во домаќинството; начинот на облекување; модата и исхраната низ човековата историја; бракот и семејството низ историјата; карактеристиките на градскиот и селскиот начин на живот; образованието и влијанието врз историјата на секојдневниот живот; моделите на историјата на секојдневниот живот во XX век во западноевропските држави и САД; секојдневниот живот во Македонија од крајот на XIX и почетокот на XX век.

Литература:

1. Полин Шмит Пантел (ур.), Историја на жените на западот – Од антички божици до христијански светици, Филозофски факултет, 2011

2. Ернест Дамианопулос, Македонците, нивното минато и сегашност, Табернакул, Скопје, 2014

3. Нихело Немо, Празниците, Вечен календар, Софија, 2009

4. Марија Димкова, Автобиографија, Штип, 2017

5. Рихард Левинсон, Историја на сексуалноста, Ѓурѓа, Скопје, 2010

6. Димитар Мирчев, Спомени, ДАРМ, Скопје, 2010