ПКБ301З/18: Политички систем и човекови права

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Приватна и корпоративна безбедностIII3+27,5

Наставник: д–р Билјана Ванковска

Цели на предметната програма:

Запознавање со базичните политички концепти, со посебен акцент на односот на власта, моќта и авторитетот. Стекнување на сознанија за елементите и функционирањето на политичкиот систем, демократските институции и политики, со посебен акцент на односот на јавната и приватната сфера во контекст на приватизацијата на безбедноста. Препознавање на различните видови човековите права и нивната заштита, како и начините на кои истите можат да бидат повредени од страна на државните и недржавните актери. Главна цел е стекнување научни знаења и практични способности во анализа на институционално-функционалните и динамички аспекти на политичкиот систем на Република Македонија. Развивање критичко мислење за односот на нормативното и стварното. Студентите ќе развијат способности за анализа и критичко размислување во однос на приватните безбедносни актери како заштитници и потенцијални прекршители на човековите права.

Содржина на предметната програма:

Поим на политиката и политичкото: односот помеѓу јавната и приватната сфера; односот меѓу безбедноста и демократијата; власт, моќ и авторитет; облици и детерминанти на политичкиот систем; структура на политичкиот систем; демократски политики и демократски институции; карактеристики на политичкиот систем на Република Македонија и на клучните институции на власта; филозофија на човековите права, видови и класификација на човековите права, национални и меѓународни механизми за нивна заштита.

Литература:

1. Билјана Ванковска, Политички систем на РМ, УКИМ, 2014

2. Ило Трајковски, Политика на човековите права, Филозофски факултет, 2006

3. Benjamin J. Goold and Liora Lazarus, Security and Human Rights, Hart Publishing, 2007

4. Стивен Грир, Европска конвенција за човекови права, Просветно дело, 2009