ПКБ601И/18: Меѓународна безбедност

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Приватна и корпоративна безбедностVI2+25

Наставник: д–р Билјана Ванковска

Цели на предметната програма:

Запознавање со најважните теориски концепти и пристапи во анализата на меѓународната безбедност. Развивање на критичко и креативно размислување на причинско-последичните врски на појавите во меѓународните односи, кои имаат глобални безбедносни импликации. Теориските сознанија ќе бидат надополнети со апликација на емпириски примери за меѓународна хармонија и/или несогласувања. Главната цел е студентите да се стекнат со вештини во смисла на вршење анализа на конкретни и актуелни меѓународни безбедносни проблеми.

Содржина на предметната програма:

Карактерситики на научната дисциплина. Клучни концепти на меѓународната безбедност, како меѓународна анархија, безбедносна дилема, трансформација на војната и конфликтите во 21 век, приватизација на безбедноста, биополитика. Главни актери на меѓународната безбедност (држави, меѓународни организации, глобални недржавни актери). Главни глобални безбедносни закани во 21 век (типологизација на Оксфордската истражувачка група). Начини и механизми на разрешување на безбедносните проблеми.

Литература:

1. Peter Hough, Understanding Global Security, Routledge, 2013

2. Ken Booth, Theory of World Security, Cambridge University Press, 2008

3. Билјана Ванковска, Меѓународна безбедност, Филозофски факултет, 2011