ПКБ703И/18: Био-безбедност

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Приватна и корпоративна безбедностVII2+25

Наставник: д-р Сергеј Цветковски

Цели на предметната програма:

Стекнување на основни знаења за опасностите од напредокот на природните науки и биотехнологијата наспроти потенцијалот за големиот придонес за човештвото, поради можноста таквиот напредок да биде искористен во непријателски цели како мал број на инциденти на биотероризам, но многу повеќе од бројните офанзивни програми за билошко војување кои ги спроведуваат големите сили. Поттикнување на размислување за начините на справувањето со ваквиот предизвик кој е оквалификуван како дилема двојна употреба, бара запознавање со различните активности во контекст на биосигурноста и пошироката биобезбедност. Од студентите се очекува да го разберат напорот на научната и безбедносна заедница во развивањето на етичка и нормативна рамка за заштита од штетните агенси и да се запознаат со реализирањето на бројните сложени мерки и активности во спротивставувањето на дејството на агенсите употребени во деструктивни цели.

Содржина на предметната програма:

1. Основни поими од биологијата: Клетка и структура на клетката; Ензими. Генетски модифицирани организми (ГМО).

2. Основни поими од токсикологијата: Токсичност; Отров и труење, Потекло на отровите; Доза; Начини на дејствување на отровите. Основни поими од радиобиологијата.

3. Оружје за масовно уништување: а) Билошки агенси (Биолошко оружје-историјат, основни карактеристики, примена и дејствување); Можности за понатамошен развој на биолошкото оружје; Вируси, бактерии и габи како биолошко оружје; Борба против билошкото оружје; б) Билошки последици од употребата на нуклеарни и хемиски агенси.

4. Мерки на сигурност и безбедност во лабораториска работа со биолошки агенси; Регулативи за биобезбедност; Регулативи за експериментални постапки со животни.

5. Заштита од штетните агенси: Лична заштита од штетните агенси (начини на остварување на заштита); Колективна заштита.

6. Детекција и идентификација на штетните агенси: Органолептички, физички, биолошки и хемиско-биолошки методи за откривање на штетните агенси.

7. Згрижување на експонираните и деконтаминација: Деконтаминација на луѓе и животни; Деконтаминација на водата, храната, почвата и објектите; Специфичности на биолошката деконтаминација.

Литература:

1. Miloje Čobeljić, Nada Kuljić Kapulica, Veljko Mirović i dr., Biološko oružje, Vojno izdavački zavod, Beograd, 2003

2. Анастас Лакоски, Атомско биолошко хемиска одбрана – скрипта, УКИМ, 1988

3. David P. Fidler and Lawrence O. Gostin, Biosecurity in the Global Age, Stanford University Press, 2007

4. UNODA, Конвенција за биолошко оружје, 2012

5. UNSC, United Nations Security Council Resolution 1540, 2004