ПКБ701И/18: Заштита на критична инфраструктура
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Приватна и корпоративна безбедност | VII | 2+2 | 5 |
Наставник: д–р Тони Милески
Цели на предметната програма:
Да се стекнат научни сознанија за состојбите поврзани со критичната инфраструктура како анализата на сите видови ризици на критичната инфраструктура. Предметната програма треба да овозможи запознавање на студентите со современите модели и концепти за заштита на сите видови критична инфраструктура. Притоа, ќе се стекнат со компетенции за понатамошна практична имплементација на стекнатите теоретски сознанија поврзани со заштитата на енергетската, транспортната, информатичката критична инфраструктура како и инфраструктурните системи за контрола на водата и отпадните води.
Содржина на предметната програма:
Поимно определување на критичната инфраструктура. Ризици и безбедносни проценки на критичната инфраструктура. Модели и концепти на заштита на критичната инфраструктура. Приказ на сигурноста и ранливоста на критичната инфраструктура. Ризици и меѓусебна зависнот на критичката инфраструктура. Заштита на системите за вода и отпадна вода (SCADA). Заштита на енергетската критична инфраструктура. Заштита на транспортната критичка инфраструктура. Заштита на информатичката критична инфраструктура. Критична инфраструктура на Р.Македонија – состојби и перспективи во заштитата.
Литература:
1. Alan T. Murray, Tony H. Grubesic, Critical Infrastructure Reliability and Vulnerability, Springer, 2007
2. Милески, Т., Енергетска безбедност, Филозофски факултет, 2014
3. Robert M. Clark, Simon Hakim, Securing Water and Wastewater Systems Global Experiences, Springer, 2014
4. Elias Kyriakides, Marios Polycarpou, Intelligent Monitoring, Control, and Security of Critical Infrastructure Systems, Springer, 2015