ПКБ702З/18: Технолошка безбедност

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Приватна и корпоративна безбедностVII3+27,5

Наставник: д–р Зорица Салтировска

Цели на предметната програма:

Студентите да се стекнат со научни и продлабочени сознанија за опасностите и ризиците од технолошки несреќи, со вештини за нивно детектирање и проценка, со способности да учествуваат во корпоративното управување со ризиците од индустриски несреќи и во надворешното и внатрешното обезбедување и заштита на индустриските капацитети од терористички, криминални и други непредвидени дејствувања со кои се загрозуваат имотот и луѓето во индустриските капацитети.

Содржина на предметната програма:

Влијанието на индустриската експанзија врз карактерот и зачестеноста на технолошките несреќи. Индустриски опасности – препознавање и откривање. Анализа на ризиците од индустриски несреќи. Општествено-економската димензија на индустриските несреќи. Човечките грешки како причини за индустриски несреќи и катастрофи. Проценка на ризици од индустриски несреќи. Корпоративната улога при управувањето со ризици од индустриски несреќи. Цената на технолошката безбедност и сигурност и корпоративното управување со ризиците. Култура за технолошка безбедност. Дефинирање на потребата од надворешно и внатрешно обезбедување и заштита на индустриските капацитети. Целите и улогата на приватното обезбедување во индустриските капацитети. Планирање за одговор во случај на вонредни настани и непредвидени околности во индустриските капацитети.

Литература:

1. В. Вонг, Управување со ризик за безбедноста и сигурноста, Европа 92, 2012

2. Р. Ј. Фишер, Е. Халибозек, Г. Грин, Вовед во безбедноста, Арс ламина, 2013

3. David L. Berger, Industrial Security, Butterworth-Heinemann, 1999

4. Dr. S. Subramanian, Industrial Security Management, Gyan Publishing House, 2006