ПКБ701З/18: Менаџирање со човечки ресурси во безбедноста
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Приватна и корпоративна безбедност | VII | 3+2 | 7,5 |
Наставник: д–р Марина Митревска
Цели на предметната програма:
Запознавање со базични стандарди за менаџирање на човечки ресурси во безбедносниот сектор. Стекнување на сознанија на улогата и одговорности на организационата единица за управување со човечки ресурси, работни компетенции, внатрешна комуникација, менторство, делегирање задачи. Студентите да се стекнат со знаење за менаџирање на приватни безбедносни компании и сл.
Содржина на предметната програма:
Улога, способности, одговорноста на менаџерот во безбедносниот сектор; Успешност на менаџерот во приватни безбедносни корпорации; Улогата и одговорноста на организационата единица за управување со човечки ресурси; Стратешко планирање со користење досие на резултатите на институцијата (Balanced Scorecard).
Литература:
1. Трајан Гоцевски, Менаџирање со човечки ресурси во безбедносен сектор, Филозофски факултет, Скопје, 2015
2. Наталија Шикова, Весна Бочварска, Стандарди за управување со човечки ресурси, Министерство за информатичко општество и администрација, 2014