ПКБ502И/18: Криминалистика
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Приватна и корпоративна безбедност | V | 2+2 | 5 |
Наставник: д–р Оливер Бакрески
Цели на предметната програма:
Запознавање со поимот, предметот и содржината на науката за криминалистика и претставување на нејзината трихотомна поделба. Стекнување на знаења за местото и улогата на криминалистиката во системот на откривање и расветлување на кривичните дела и криминалистичко оперативната дејност.
Содржина на предметната програма:
Поим, предмет и методи на криминалистиката, трихтомната поделба на криминалистиката, значењето и улогата на полициските службеници во откривањето и докажувањето на кривичните дела, структурната поставеност на криминалистичката полиција во борбата со криминалот; основните принципи и начела на криминалистиката, криминалистичко оперативната дејност и почетни сознанија за сторено кривично дело, индиции како иницијални методи за откривање и расветлување на кривичните дела и стекнување вештини за анализа и примена на златните криминалистички прашања.
Литература:
1. Џуклески Гоце, Вовед во криминалистика, Соларис принт, Скопје, 2009
2. Методија Ангелески, Вовед во криминалистика, Куманово: Графос, 2007
3. Кривокапиќ Владимир, Криминалистика, 1991