ПКБ402З/18: Менаџирање со приватна безбедност
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Приватна и корпоративна безбедност | IV | 3+2 | 7,5 |
Наставник: д–р Горан Зенделовски
Цели на предметната програма:
Студентите ќе се стекнат со научно-теориски знаења од областа на менаџментот и приватната безбедност, и ќе се оспособат за управување со приватниот безбедносен сектор. Студентите ќе развијат способности за анализа и критичко размислување за активностите и услугите во рамките на приватната безбедност и за концептот на приватно обезбедување.
Содржина на предметната програма:
Теоретски основи на менаџментот; функции и нивоа на менаџментот; менаџерски вештини и улоги; улогата на менаџерот во приватниот безбедносен сектор; генеза, поим и дефинирање на приватната безбедност; развој на приватната безбедносна индустрија; управување со приватната безбедност; регулирање, организирање, финансирање и контрола на приватните безбедносни актери; безбедносни импликации од приватизацијата на безбедноста; државата и безбедносните компании во современите општества; концептот на приватно обезбедување; правна рамка на приватната безбедност; активности и услуги во приватната безбедност; координација и соработка помеѓу јавниот и приватниот безбедносен сектор; општи и посебни обврски на безбедносните компании и агенции; идните насоки за развој на приватниот безбедносен сектор.
Литература:
1. Бобек Шуклев, Менаџмент, Економски факултет, Скопје, 2013
2. Joakim Berndtsson, The Privatization of Security and State Control of Force University of Gothenburg, 2009
3. George Bruce & Mark Button, Private Security, Palgrave Macmillan, 2004
4. Бобек Шуклев и Љубомир Дракулевски, Стратегиски менаџмент, Економски факултет, Скопје, 2001
5. Deborah D. Avant, The Market for Force, The Consequences of Privatizing Security, Cambridge University Press, 2005