ПКБ301И/18: Техничка безбедност

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Приватна и корпоративна безбедностIII2+27,5

Наставник: д-р Горан Зенделовски

Цели на предметната програма:

Да се обезбеди пред сѐ научна, стручна, рационална и ефикасна примена на електронско-техничките уреди и средства во поглед на заштита на функционалноста, континуитетот и интегритетот на компаниите а сѐ со цел откривање, спречување и неутрализирање на сите видови на ризици и опасности. Исто така програмата треба да овозможи да се добијат сознанија за даваањето услуги за обезбедување пред сѐ физичкото и техничкото обезбедување интегрално во сите нивни димензии.

Содржина на предметната програма:

Вршење физичко обезбедување, општи услови за вршење на приватно обезбедување, вршење техничко обезбедување, видови системи за техничко обезбедување, системи за детекција на кражби итн., системи за детекција на пожар, системи за видео надзор, системи за контрола на пристап. мониторинг центри, Скицирање и планирање на изведба и изведба на системи за техничко обезбедување, квалитет и исправност на техничките средства, уреди методи и техники за извршување на против диверзиони прегледи (употреба на рентгенска опрема, системи за детекција на експлозиви, метал детектори, уреди за детекција на опасни материи, експлозиви, запаливи материи, радиоактивни материи, токсични материи, заштитна и специјална опрема, алати и прибори, Механичко обезбедување (физички бариери, оградување, рампи), превентивно обезбедување, Противпожарно обезбедување: видови на пожари и причини за настанување, средства, апарати, техники и опреми за заштита од пожари, превентивни мерки за заштита од пожари, пожари и причини за настанување, класификација и гасење на пожари, хемиско биолошка заштита, планирање и изведба на системите за техничка безбедност, истражување, развој и примена на напредните безбедносни опреми и средства, физичко обезбедување (задачи, цели, начини, тактики на преглед на лица и возила, патролирање и сл.

Литература:

1. Милан Благојевиќ, Алармни Системи, Факултет за заштита при работа, Ниш, 2011

2. Зоран Доревски, Обезбедување – Практикум, Комора на РМ за приватно обезбедување, 2004

3. Прирачник за оспособување и полагање на стучен испит за вршење работи за техничко обезбедување, Комора на РМ за приватно обезбедување, 2013