ПКБ202И/18: Методологија на општествените истражувања

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Приватна и корпоративна безбедностII2+27,5

Наставник: д–р Наташа Ангелоска Галевска

Цели на предметната програма:

Стекнување знаења за методологијата на општествените науки како научна дисциплина, Разбирање на истражувачките парадигми и принципите на истражувачката работа во областа на безбедноста, Способност за користење на различни извори на знаења и критички однос кон истите, Способност за идентификација на истражувачки проблем, Оспособеност за практична примена на теоретските знаења од методологија преку дизајнирање на проект за истражување, Научно-истражувачка љубопитност, одговорност, самостојност и тимска работа.

Содржина на предметната програма:

Поим и предмет на методологијата; Развојни тенденции во истражувачката работа од областа на приватната и корпоративната безбедност; Видови научни истражувања; Етапи на научното истражување; Критериуми за избор на проблем за истражување; Изготвување на библиографии; Етика во истражувачката работа; Проектирање на истражување; Видови хипотези; Популација и примерок; Методи и техники на истражувачка работа; Анализа и интерпретација на резултати; Извештај за истражување.

Литература:

1. Bryman, А., Social Research Methods, Oxford UP, 2008

2. Cresswell, J. W., Research Design: Qualitative, Quantitative, and Mixed Methods Approaches, 4th edition, Sage, 2014

3. Salter, M. B.; Mutly, C. E., Research Methods in Critical Security Studies – An Introduction, Routledge, 2013

4. Salkind, N. J., Exploring Research (8th Edition), Pearson Education Limited, 2011

5. Shepherd, L. J., Critical Approaches to Security: An Introduction to Theories and Methods, Routledge, 2013

6. Heuer, R.J.; Pherson, R.H., Structured Analytic Techniques for Intelligence Analysis (2nd edition), Sage, 2015

7. Ardau, C.; Huysmans, J.; Neal, A.; Voelkner, N., Critical Security Methods – New Framework for Analyses, Routledge, 2015