ПКБ203З/18: Интегрална безбедност

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Приватна и корпоративна безбедностII3+27,5

Наставник: д–р Митко Котовчевски

Цели на предметната програма:

Стекнување на солиден квантум на научни знаења и сознанија за моделот на интегрална безбедност, успешно детектирање на сите закани на националната безбедност (со посебен акцент на сите облици на загрозувања на националната безбедност на Р. Македонија). Паралелна цел ќе претставува изградба на високи стандарди за професионален однос кон сферата на интегралната безбедност, како и изградба на безбедносна свест и култура за успешна заштита на сите витални општествени вредности.

Содржина на предметната програма:

Поимовно-терминолошко определување на безбедноста. Безбедноста како функција и атрибут на државата. Теории за безбедност. Поим и суштина на националната безбедност. Поим и содржина на интегралната безбедност. Националната, интегрална и човекова безбедност. Национална, интегрална и родова безбедност. Национална и државна безбедност. Меѓународна-светска безбедност, заедничка безбедност, трансдржавна и глобална безбедност. Традиционалниот пристап кон државната и интегралната безбедност. Критички безбедносни студии. Непрекинати тензии помеѓу интегралната, државната, меѓународната и глобалната безбедност. Предизвици за унапредување на интегралната безбедност. Надворешни, внатрешни и глобални (воени, невоени и комбинирани) извори на загрозување на интегралната безбедност. Системи за национална безбедност на современите држави. Систем за национална безбедност на Република Македонија.

Литература:

1. Митко Котовчевски, Национална безбедност, Филозофски факултет, 2013

2. Митко Котовчевски, Разузнавачко-безбедносни заедници на државите во Југоисточна Европа, Филозофски факултет,2007

3. Митко Котовчевски,  Основи на разузнавање, Филозофски факултет 2013