ПКБ202З/18: Еколошка безбедност

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Приватна и корпоративна безбедностII3+27,5

Наставник: д–р Тони Милески

Цели на предметната програма:

Да се добијат научни и продлабоченисознанија за еколошките процеси и нивното влијание врз безбедноста. Предметната програма треба да овозможи подигнување на свеста на студентите за важноста наеколошките закани и нивната грижа кон животната средина. Програмата овозможува стекнување на соодветни компетенции за понатамошна практична имплементација насознанијата во сферата на безбедноста и одбраната, но и во други различни сфери одопштественото живеење. Исто така, студентите ќе се стекнат со способности за проценка на опасностите кои доаѓаат од приватните корпорации врз животната средина. Воедно, ќе се запознаат со еколошките стандарди кои корпорациите се должни да ги применуваат при нивното делување.

Содржина на предметната програма:

Врската помеѓу животната средина и безбедноста. Теории за концептот на безбедноста и еколошката безбедност. Поимно дефинирање наеколошката безбедност. Меѓународните организации и еколошката безбедност. Политиказа заштита на животната средина во Европската унија. Дефинирање на концептот наодржлив развој. Одржливиот развој на светско и на европско ниво. Одржливиот развој во Република Македонија. Одржливиот развој како безбедносен императив. Притисоци на животната средина врз глобалната безбедност. Климатските промени и глобалнот озатополување. Осиромашување на озонската обвивка. Еколошки бегалци. Безбедност нахраната. Демографски растеж. Нафтата, природниот гас и водата како природни стратегиски ресурси и извори на конфликти. Воениот фактор како деструктор на животната средина. Обесшумување. Техничко-технолошки и природни катастрофи. Регионален пристап кон еколошките закани. Република Македонија и еколошката безбедност. Приватна и корпоративна безбедност и животната средина.

Литература:

1. Милески, Т., Еколошка безбедност: одржлив развој – одржлива безбедност, Филозофски факултет, 2011

2. Manwaring, G.M. (ed.), Environmental Secirity and Global Stability Problems and Responses, Lanham: Lexington Books, 2002

3. Daniel Moran, Climate change and national security – Georgetown University Press, Washington, 2011

4. Herman Koren and Michael Bisesi, Handbook of environmental health, National Environmental Health Association, Lewis Publishers, 2003