ПКБ101И/18: Статистика
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Приватна и корпоративна безбедност | I | 2+2 | 7,5 |
Наставник: д–р Билјана Блажевска Стоилковска
Цели на предметната програма:
Студентите да стекнат сознанија за основните поими во статистиката – варијабла, нивоа на мерење, статистичко заклучување, да се оспособат за читање на резултати од статистички анализи, да применуваат основни методи за обработка на податоци.
Содржина на предметната програма:
Нивоа на мерење, Мерки на централна тенденција и варијабилност, коефициенти на корелација, статистичко заклучување, значајност на разлики помеѓу аритметички средини и помеѓу проценти, хи-квадрат тест.
Литература:
1. Николоски, Т., Статистика во психологијата. Филозофски факултет 2002