ФАС06И: Социологија на македонската култура
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Андрагогија | I | 2+1 | 6 |
Наставник: д–р Антоанела Петковска
Цели на предметната програма:
Да се добијат научни и продлабочени сознанија за природата, стуктурата и механизмите на делувањето на културните феномени во Македонија, особено во процесите на интеракција со сите останати општествени појави во македонското општество.
Содржина на предметната програма:
Определба на културата со особен осврт на националната култура; кус преглед на социјалната историја на културата во Македонија (предмодерно, модерно и постмодерно доба); материјалната и духовната култура во Македонија во контекст на развојот на македонското општество; односот меѓу традицијата и новите вредности во македонската култура; манифестација на различните видови култура во современото македонско општество; основните карактеристики на елементите на културата во Македонија; македонски културен идентитет и културен интегритет; културата и останатите општествени феномени во Македонија; културата би современите општествени процеси во Македонија; процесите на мултикултурализмот и интеркултурализмот на тлото на Македонија; културна политика, културен менаџмент и маркетинг во културата.
Литература:
1. Зборници од проектот на МАНУ на тема: Историја на македонската култура, МАНУ, Скопје
2. Зборници од проектот на МАНУ на тема: Македонската литература и уметност во XIX и XX век, МАНУ, Скопје
3. Петковска, Антоанела, Есеи од социологијата на културата, Аз-Буки, Скопје, 2009
4. Ташева, Марија, Ѓуровска, Милева, Петковска, Антоанела, Миноски, Константин, Етничките групи во Македонија – современи состојби, Филозофски факултет, Скопје, 1998
5. Петковска, Антоанела, Социологија на македонската ликовна уметност 1945-1980, Македонска цивилизација, Скопје, 1997
6. Đordano, Kristijan, Ogledi o interkulturnoj komunikaciji, Biblioteka XX vek, Beograd, 2001