ФАС01И: Филозофија

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
АндрагогијаI2+16

Наставник: проф. д-р Бранислав Саркањац

Цели на предметната програма:

Да се добијат продлабочени сознанија за основните филозофски проблеми и за најзначајните филозофски идеи во западноевропската филозофија, да се развијат способности за споредување на историски различни филозофски концепти, да се развие способност да се интерпретираат, анализираат и оценуваат автентичните филозофски текстови и притоа соодветно да се користи секундарната литература, да се зајакне сопствената филозофска мисла преку комуникација со идеите на филозофите, во форма на писмено изложување и/или вербална аргументација.

Содржина на предметната програма:

Основни проблеми на филозофијата, правци и дисциплини на филозофијата, односот на филозофијата и другите науки, односот на филозофијата со психологијата; античка, хеленистичко-римска филозофија, средновековна, византиска, нововековна и современа филозофија.

Литература:

1. Јосифовски, Ј., Филозофија, Скопје: Просветно дело, 1994

2. Мухиќ, Ф., Потомци на боговите, Скопје: Табернакул, 2005

3. Мухиќ, Ф., Смислата и доблеста, Битола: Киро Дандаро, 2002

4. Георгиева, В., Византиска филозофија, Скопје: Табернакул, 2001

5. Бекон, Ф., Нов Органон, Скопје: Аз-Буки, 2006

6. Мухиќ, Ф., З. Жоглев, Мислење во акција, Битола: Киро Дандаро, 2002

7. Ниче, Ф., Така зборуаше Заратустра, Скопје: Македонска книга, Култура, Наша книга, Комунист, Мисла, 1978

8. Платон, Гозба, Скопје: Матица македонска, 2003