АС103: Доживотно учење
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Андрагогија | I | 2+1 | 6 |
Наставник: д-р Елена Ризова
Цели на предметната програма:
Студентите ќе стекнат научни и продлабочени знаења за основните теориски постулати и концепции за доживотното учење. Студентите ќе бидат оспособени за разгледување и критичка опсервација на современите тенденции во сферата на доживотното учење. Стекнатите компетенции ќе им овозможат пристап до продлабочени андрагошки студии и влез во андрагошката практика.
Содржина на предметната програма:
Општествено-економска и политичка заснованост на доживотното учење; Развојот на идејата за доживотно учење; Концептот на доживотно учење; Концептот на доживотно учење во Република Македонија; Клучни компетенции за доживотно учење; Легислатива; Преглед на барања за учење; Градење на партнерства; Обезбедување на ресурси; Олеснување на пристапот до можности за учење; Култура за учење; Подобрување на квалитетот; Стратегии за доживотно учење во Европа; Европски програми за доживотно учење.
Литература:
1. Ризова, Е., Доживотно учење, интерен материјал, 2015
2. Велковски, З., Lacrimae Mundi, Педагошки завод на Р. Македонија, 2005
3. Меморандум за доживотно учење, Комисија на европската унија, Брисел, 2000
4. European Commission / EACEA / Eurydice, Adult education and training in Europe: Widening Access to Learning Opportunities, EACEA, 2015
5. Резолуција за доживотно учење, Совет на Европа, 2002
6. Примена на стратегиите за доживотно учење во Европа, Комисија на европската унија, Брисел, 2003
7. Council Resolution on a renewed European agenda for adult learning, Council of the European Union, 2011
8. Ризова, Е., Возрасните и писменоста, Филозофски факултет, Скопје, 2015