СР701З/18: Ментално здравје во заедница

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Социјална работа и социјална политикаVII3+26

Наставник: д–р Иван Трајков

Цели на предметната програма:

Да се добијат продлабочени сознанија за принципите за работа со лица со ментални растројства во заедницата, методите и пристапите на третман во заедницата, како и стекнување на знаења за институциите и нивната функција во оспособувањето на овие лица за живот во заедницата.

Содржина на предметната програма:

Ментално здравје – ментална болест; Основни категории на ментални пореметувања; Методи на лекување; Третманот во заеднца наспроти третманот во психијатриски институции; Институции во заедницата; Тимска работа во центрите за ментално здравје во заедница; Методи на третман; Психосоцијална рехабилитација; Советодавна работа; Семеен психоедукативен третман; Семејна терапија и рехабилитација во семејства со псохички болен член; Стигма и менталното здравје; Етика во социјалната психијатрија; Професионално согорување, „бурноут“ феномен; Права на луѓето со ментални растројства; Планирање на сервиси; Супервизија во социјалната работа со лица со ментални растројства.

Литература:

1. Група автори, Ментално здравје во заедница, Stability Pact, 2006

2. Белевска, Д., Ортаков, В., Барјактаров, С., Прирачник за тренинг во областа на менталното здравје во заедница. Ѓурѓа, Скопје, 2005