СР804И/18: Семејна политика

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Социјална работа и социјална политикаVIII3+26

Наставник: д–р Сузана Борнарова

Цели на предметната програма:

Стекнување основни сознанија за ефектите од демографските и социо-економските трендови врз функционирањето на семејството и улогата на жената во него, како и за поддршката на семејството и вработените преку мерките на семејната политика.

Содржина на предметната програма:

– Демографски промени во Европа и Македонија

– Импликации од демографските промени врз семејството

– Семејна политика: поим, цели и типови семејни политики

– Бенефиции и мерки на семејната политика: а) Мерки поврзани со репродуктивното здравје и фертилитетот; б) Бенефиции за хармонизација на работниот и семејниот живот и промовирање на родова рамноправност во вид на отсуства од работа; в) Флексибилни работни практики; г) Услуги за згрижување деца и стари лица; д) Индиректни бенефиции.

– Интересот на работодавачите за семејните политики за хармонизација на семејниот и реаботниот живот

– Модели на семејни политики: скандинавски, конзервативен, либерален, јужноевропски, пост-комунистички.

– Семејната политика во Република Македонија

Литература:

1. Сузана Борнарова, Семејна политика: Кон родова рамноправност и хармонизација на работниот и семејниот живот, Алма, Скопје 2014

2. Hein C., Reconciling Work and Family Responsibilities: Practical Ideas from Global Experience. ILO. Geneva 2005

3. Baker M., Restructuring Family Policies: Convergences and Divergences, University of Toronto Press, 2006