СР606И/18: Социјална работа со лица со попреченост

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Социјална работа и социјална политикаVI3+26

Наставник: д–р Владимир Илиевски

Цели на предметната програма:

Да стекнат знаења студентите за

теоретските поставки и клучните парадигми во областа на попреченоста, да бидат оспособени самостојно да ги применуваат методите и техниките на социјална работа со лицата со попреченост, поединци, групи, установи и мрежите на сервисите за поддршка.

Содржина на предметната програма:

Лица со попреченост: терминологија и класификација; Причини за попреченост; Потреби на лицата со попреченост; Односот на општеството кон лицата со попреченост; Системот на социјална поддршка на лицата со попреченост; Квалитетот на живот на лицата со попреченост; Меѓународна правна рамка за лицата со попреченост; Национална правна рамка за лицата со попреченост; Права и услуги на лицата со попреченост во системот на социјална заштита во Република Македонија; Социјална работа со лица со попреченост во установи за социјална заштита; Социјална работа со лица со попреченост во воинституционална заштита; Професионална ориентација, оспособување и вработување на лица со попреченост; Примена на методи и техники на социјална работа за инклузија на лицата со попреченост.

Литература:

1. Група автори, Заштита и рехабилитација на лица со инвалидност, Филозофски факултет, 2008

2. Мира Лакичевиќ, Социјална интеграција на лицата со инвалидност, Универзитет во Белград, Факултет за политички науки, 2012

3. Група автори, Обитељи особа са инвалидитетом и мреже поддршке, Универзитет Загреб, Правен Факултет, 2008

4. Полио Плус, Хендикеп – сложувалка што недостасува-Приказ на состојбата на лицата со хендикеп во Македонија, Полио Плус, 2012

5. Oliver M., Sapey B., Social work with disabled people, Palgrave, 1999