СР603З/18: Социјална работа во локална заедница

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Социјална работа и социјална политикаVI3+26

Наставник: д–р Светлана Трбојевиќ

Цели на предметната програма:

Да се добијат научни и продлабочени сознанија за придонесот на социјална работа во планирање, организирање, развој и зајакнување на локалната заедница.

Содржина на предметната програма:

Дефиниции на локалната заедница. Типологија на заедниците. Локалната заедница како систем. Комуникација во локалната заедница. Потреби на населението. Мотиви за заедништво. Социјална акција и други модели применувани во локалната заедница. Истражување во локалната заедница. Евалуација и супервизија врз активностите во заедницата. Социјалната работа во локалната заедница (превенција, техники, вонредни услови).

Литература:

1. Доневска, М., Социјална работа во локална заедница, Филозофски факултет, 2006

2. Halmi, A., Socijalni rad u lokalnoj zaednici, Zavod grada Zagreba za socijalni rad, 1989

3. Гриндл М., Одиме на локално: Децентрализација, демократизација и ветување за добро управување, Магор, 2009

4. Hardcastle D. A., Powers P. R., Community practice: Theories and skills for social workers, Oxford University Press, 2004