СР502З/18: Административно право

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Социјална работа и социјална политикаV3+26

Наставник: д–р Наташа Богоевска

Цели на предметната програма:

Да се добијат продлабочени сознанија за поимот, начелата, изворите, институтите и содржината на материјалното и процесното управно право, со што студентите би се оспособиле за правилно водење на управната постапка во која ќе решаваат за правата и обврските на граѓаните од социјалниот домен.

Содржина на предметната програма:

Прв дел: Административно право: Предмет, метод и установи на административното право; Извори на административното право; Управно-правен однос; Државна управа; Јавни служби; Локална самоуправа. Втор дел: Управна постапка: Поим и видови на управна постапка; Начела на управната постапка; Странки во управната постапка; Фази на управната постапка; Правни лекови; Извршување во управната постапка.

Литература:

1. Трајковски, Д. Сланинка-Динева, М., Управно право и управна постапка, Светлост Графика, Скопје, 2003

2. Валин, Ж., Административно право, Арс Ламина, 2012

3. Давитковски, Б., и група на автори, Административно право, Правен факултет, 2007

4. Гелевски С., Управно-процесно право, Тиха, Скопје, 2003