СР404И/18: Детска заштита

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Социјална работа и социјална политикаIV3+26

Наставник: д–р Наташа Богоевска

Цели на предметната програма:

Да се добијат продлабочени сознанија за правните аспекти на детската заштита (социјално-политичкиот и нормативно-институционалниот аспект), со фокус на основните права на децата утврдени во меѓународната и домашната легислатива, како и механизмите за нивна заштита.

Содржина на предметната програма:

Прв дел: Меѓународна правна рамка за заштита на децата: Активности на меѓународните организации во областа на детската заштита, со детална анализа на базичните права на децата утврдени со Конвенцијата на Организацијата на Обединетите Нации за правата на детето од 1989 со дополнителните протоколи. Втор дел: Национална правна рамка за заштита на децата: Општествена заштита на децата; Семејно-правна заштита на децата; Социјално-правна заштита на децата; Кривично-правна заштита на децата; Трудово-правна заштита на децата и Хуманитарно-правна заштитана децата во Република Македонија.

Литература:

1. Трајковски, Д., Сланинка Динева, М., Детска заштита во република Македонија, Светлост Графика, Скопје, 2003

2. Македо, С., Јанг, И. М., (ур.), Детето, семејството и државата, Табернакул, 2008

3. Закон за заштита на децата (23/13, 12/14, 44/14, 144/14, 10/15,25/15, 27/16)

4. Закон за правда за децата (Сл. Весник на РМ бр. 148/13)

5. Закон за семејство (Сл. Весник на РМ бр. 80/1992, 9/1996, 38/2004, 33/2006, 84/2008, 67/10, 156/10, 39/12, 44/12, 38/14,115/14, 104/15, 150/2015)

6. Министерство за труд и социјална политика, www.mtsp.gov.mk

7. UNICEF, www.unicef.org