СР306И/18: Советување и коучинг
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Социјална работа и социјална политика | III | 3+2 | 6 |
Наставник: д–р Софија Георгиевска
Цели на предметната програма:
Студентите да се воведат во начините на советување и коучинг со акцент на основните правила во процесот на советување каде треба да се идентификуваат целите на индивидуата, а советникот вклучува репертоар на различни техники со цел да му помогне на советуваниот подобро негово себеспознавање, подобро разбирање на сите можности и информации што стојат на располагање, а се поврзани со донесување одлуки што се однесуваат на неговата кариера.
Содржина на предметната програма:
Дефинирање на коучингот. Подрачја на примена на коучингот. Разлики помеѓу коучингот и советување, Знаења и вештини за развивање на коучингот. Различни коучинг стратегии. Коучингот во развој на вработените. Вештини за успешно менаџирање на коучингот на вработените. Комуникациски вештини за ефективен коучинг. Евалуација на коучинг стратегиите. Тренинг. Компаративни искуства од примена на коучингот.
Литература:
1. Кацарска, A., Советување и коучинг за развој на кариерата на вработените во организацијата, Магор 2015
2. Rodžers, Dž., Kako voditi koučing, Psihopolis 2015
3. Atkinson, M., Čojs, T.R., Koučing, unutrasnja dinamika, Finesa, 2011
4. Atkinson, M., Čojs, T.R, Koučing, korak po korak, Atira Group, 2012
5. Atkinson, M., Čojs, T.R., Koučing, Proces i Tok, Atira Group, 2013