СР301З/18: Превентивна социјална работа
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Социјална работа и социјална политика | III | 3+2 | 6 |
Наставник: д–р Иван Трајков
Цели на предметната програма:
Да се добијат продлабочени сознанија за превенцијата како основен и најдобар начин на заштита од ментални пореметувања, пореметувањата на поведението и други видови на психосоцијални проблеми, методите и принципите на примарната, секундарната и терцијалната превенција. Да се стекнат знаења за улогата на социјалните служби во подготовката и спроведувањето на превентивните програми, креирање на превентивни програми, вклучување на непрофесионалци во превентивните активности.
Содржина на предметната програма:
Превентивна социјална работа во областа на менталното здравје; Примарна превенција; Методи на примарно превентивната работа; Секундарна превенција; организација на службите за секундарна превенција; Терцијална превенција; Институции за терцијална превенција; Превенција во пренаталниот развој; Примарна превенција во раното детство; Примарна превенција во школската возраст; Примарна превенција во адолесценцијата; Превенција на бракот и семејството; Превенција на психосоцијалните проблеми во староста; Превенција на здравјето кај работниците и посебно кај вулнерабилните групи работници; Превенција на семејното насилство; Превенција на насилството над децата и жените; Превенција на пореметувањето во однесувањето; Превенција на проблемите на зависност.
Литература:
1. Трајкова-Стаменкова, В., Ментална Хигиена, Студентски збор, Скопје, 2002
2. Јанковиќ, Ј. & Башиќ, Ј. (ур.), Превенција поремећаја у понашању дјеце и младих у локалној заједници. Школска књига, Загреб, 2001