СР206И/18: Социјална работа со деца и млади

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Социјална работа и социјална политикаII3+26

Наставник: д–р Софија Георгиевска

Цели на предметната програма:

Да се добијат продлабочени сознанија за психосоцијалните проблеми кај вулнерабилни поединци, групи деца и млади под различен вид на ризик (развоен, социјален, психолошки, здравствен, ризик од запоставување, злоупотреба) како и за начините на интервенција.

Содржина на предметната програма:

Фактори на ризик во развојниот период; Детскиот развој и невообичаени проблеми; Ризик во пренаталниот период; Конгенитални фактори на ризик; Ризични фактори и појава на пореметувања кај децата во раниот развоен период; Рано емоционално лишување и појава на психички проблеми кај децата; Ризични фактори и појава на пореметувања кај децата од предучилишна возраст; Развој во адолесценцијата и причини за ризичен развој во адолесценцијата; Ризик од занемарување, злоупотреба и насилство во семејството и институциите (социјални и образовни ); Помагање на деца и млади во ризик; Помагачите како проценувачи на психосоцијалната состојба на децата и младите од оваа група; НВО секторот во работата со деца и млади под ризик; Вештини за работа со деца и млади под ризик – примена на специјални техники за интервенција во ризик.

Литература:

1. Иван Трајков, Прирачник за работа со деца и млади под социјален ризик,  Филозофски факултет, Скопје. 2008

2. Cecilia A., Essau, Judith Conradt, Agresivnost u djece i mladeži, Naklada Slap. 2007

3. Andreja Brajša-Žganec, Dijete i obitelj, Naklada Slap, 2003

4. Mira Klarin, Razvoj djece u socijalnom kontekstu, Naklada Slap, 2006

5. Софија Георгиевска, Насилствo врз деца згрижени во установите за социјална заштита, Докторска дисертација, Филозофски Факултет, Скопје, 2011