СР205И/18: Сиромаштија и социјална исклученост
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Социјална работа и социјална политика | II | 3+2 | 6 |
Наставник: д–р Светлана Трбојевиќ
Цели на предметната програма:
Да се добијата научни и продлабочени сознанија за феномените на сиромаштија и социјална исклученост и да се стекнат сознанија за анализирање на проблемите и мерките кои се преземаат за нивно сузбивање.
Содржина на предметната програма:
Дефинирање на основните поими: исклученост, нееднаквост, субкласа. Индикатори на исклученост и ризични групи кои ја сочинуваат. Суштина на сиромаштијата. Теории за сиромаштијата. Видови на сиромаштија. Индикатори и профили на сиромаштија. Мерење на сиромаштија. Пазар на трудот и сиромаштија. Урбана и рурална сиромаштија. Феминизација и инфантилизација на сиромаштијата. Политики за справување со сиромаштијата и социјалната инклузија (вклученост).
Литература:
1. Доневска, М., Сиромаштија – состојби во Република Македонија, Филозофски факултет, 2011
2. Листер, Р., Сиромаштија, Академски печат, 2009
3. Алкок, П., Разбирање на сиромаштијата, Магор, 2008
4. Трбојевиќ, С. Мапирање на сиромаштијата и социјалната исклученост во Република Македонија: локални социјални проблеми и потреби, Институт за човекови права „Лудвиг Болцман“, 2012