АС805И: Пенолошка андрагогија
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Андрагогија | VIII | 2+1 | 6 |
Наставник: д–р Анета Баракоска
Цели на предметната програма:
Разбирање на специфичностите на организацијата на образованието во казнено-поправните установи, методиката на работата на превоспитувањето низ моделите на ресоцијализација и реинтеграција.
Компетенции:
– Студентите поседуваат знаења за теориските основи на пенолошката андрагогија;
– ги познаваат карактеристиките на возрасните во пенолошките установи од андрагошки аспект;
– се оспособени за примена на различни модели за образование и обука во процесите на – ресоцијализација на учесниците;
– се оспособени да изработат постпенален програм за реинтеграција;
– се способни да организираат формални и неформални облици на образование на возрасните од пенолошките установи.
Содржина на предметната програма:
Предмет и поле на истражувањето на пенолошката андрагогија; Пристап до образованието и обуката – право на сите; Улогата на образованието во промоција на рехабилитацијата; Образовен профил на популацијата во казнено-поправните установи; Образование и обука за вработување; Теориските основи на пенолошката андрагогија; Карактеристики на образовната работа во казнено-поправните установи; Модели на организација на образованието за ресоцијализација; Методи и средства на образование за ресоцијализација; Образованието и обуката како дел од холистичкиот пристап во рехабилитацијата; Индивидуализиран пристап во образованието и обуката; Планови и програми за реинтеграција; Организација на формални и неформални облици на образование во пенолошките установи (описменување, образование и обука, стекнување на квалификации, преквалификација и реквалификација).
Литература:
1. Jo Hawley, Ilona Murphy, Manuel Souto-Otero, Prison Education and Training in Europe, European Commission, 2013
2. Nikolić, Z., Penološkа аndrаgogijа sа metodikom prevаspitаnjа, Institut zа kriminološkа i sociološkа istrаživаnjа, Beogrаd, 2005.
3. Macanović, N., Nadarević, D., Penološka andragogija, Banja Luka, 2014
4. Knežić, B., Obrаzovаnje i resocijаlizаcijа – metode merenjа, Zаvod zа udžbenike i nаstаvnа sredstvа, Beogrаd, 2001
5. Кралев, Т., Затворот и ресоцијализацијата, Студентски збор, Скопје, 2001